УЕФА ја казни ФФМ за исвиркувањето на бугарската химна
31.10.2022 11:08
ФФМ ќе треба да плати 10 илјади евра за исвиркување на химната на Бугарија, како и 4.500 евра за фрлање на предмети на теренот.

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) парично ја казни Фудбалската федерација на Македонија за случувањата на натпреварот со Бугарија одигран на 26 септември во Скопје.
Како што пренесува МИА, ФФМ ќе треба да плати 10 илјади евра за исвиркување на химната на Бугарија, како и 4.500 евра за фрлање на предмети на теренот.
Казна доби и македонскиот репрезентативец Тодор Тодороски. Тој поради добиениот црвен картон е суспендиран еден натпревар.
