Свет

Победа на Да Силва на претседателските избори во Бразил

31.10.2022 12:23

Луиз Инасио Лула да Силва направи голем политички камбек откако го победи досегашниот лидер, Жаир Болсонаро, во вториот круг на претседателските избори во Бразил. Тој не можеше да се кандидира на изборите пред четири години зашто беше во затвор поради обвинение за корупција...

Луиз Инасио Лула да Силва направи голем политички камбек откако го победи досегашниот лидер, Жаир Болсонаро, во вториот круг на претседателските избори во Бразил. Лула освои 50,9% гласови.

„Денес единствениот победник е бразилскиот народ. Ова не е моја или победа на работничката партија, ниту на партиите што ме поддржаа во кампањата. Тоа е победа на демократското движење кое се формираше над политичките партии, личните интереси и идеологии, така што победник е демократијата. Бразил е мојата кауза, народот е мојата кауза, да се борам против мизеријата е она за што живеам, до мојот последен здив“, изјави новоизбраниот претседател на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва.

Тој не можеше да се кандидира на изборите пред четири години зашто беше во затвор поради обвинение за корупција. Помина 580 дена зад решетки пред обвинението да биде поништено, што му овозможи да се врати на политичката сцена.

Повеќе од 120 милиони Бразилци го дадоа својот глас на вториот круг од изборите.

„Лула повеќе не е автентичен претставник на левицата, туку тој претставува спас на она што беше преземено од оваа геноцидна, хомофобична и расистичка влада“.

„Никогаш не бев поддржувач на да Силва, првпат гласав за работничката партија. Но опуштен сум бидејќи тие имаат голем кредибилитет и покрај сите нивни противречности. Претседателот што заминува не остави во заднина“.

„Ова е олеснување, барем нема да имаме геноцидна милиција која ќе владее со земјата“.

Лула, поранешен претседател на земјата од 2003-та до 2010-та година, вети дека ќе го врати попросперитетното минато на земјата, но се соочува со пречки во поларизираното општество. Честитки од светските лидери стигнаа за победата на Лула да Силва на „слободни, фер и кредибилни“ избори.

Марина Ристова