НБА

Атланта е убиецот на џиновите

25.04.2014 11:52

Во победата 98:85, Македонецот учествуваше со скромен учинок од 1 поен и 3 скока, но најважно е што Атланта ја задржа предноста во двобојот со фаворизираниот противник...

Најдобрата екипа на Истокот повторно потклекна пред налетот на Антиќ и Хокс. Екипата на нашиот интернационалец го доби првиот меч на домашен терен и се наоѓа на два меча од пласман во втората рунда.
 
Во победата 98:85, Македонецот учествуваше со скромен учинок од 1 поен и 3 скока, но најважно е што Атланта ја задржа предноста во двобојот со фаворизираниот противник. Тиг имаше 22 поена со 10 скокови, Корвер имаше 20 поени, а Милсап реализира дабл-дабл со 14 поени и 14 скокови.
 
И следниот натпревар во серијата до 4 победи се игра во Атланта, ако домаќинот ги добие сите натпревари на домашен терен ќе се пласира во второто коло.
 
На другите синоќешни средби:
 
Мемфис - Оклахома 98:95 (ОТ) (2:1)     Конли 20 поени; Дјурант, Вестбрук 30 поени
Голден Стејт - Клиперс 96:98 (2:1)     Грифин 32 поена; Томсон 26 поени
 
По полноќ играат:
 
Бруклин - Торонто (1:1)
Вашингтон - Чикаго (2:0)
Портланд - Хјустон (2:0)