Авион на „Вирџин Ерлајнс“ принудно слета поради пијан патник
Патникот бил совладан од екипажот и од патниците и по приземјувањето бил уапсен. Компанијата демантира дека се работи за киднапирање...

Боинг-737 на британската авионска компанија „Вирџин Ерлајнс“ принудно слетал на индонезискиот остров Бали, откако пијан патник се заканувал дека ќе го киднапира авионот.
Патникот бил совладан од екипажот и од патниците и по приземјувањето бил уапсен. Компанијата демантира дека се работи за киднапирање.
Ова била стандардна процедура за принудно слетување во случај на инцидент-изјавиле надлежните.
Уапсениот чиј идентитет не е соопштен, бил задржан на сослушување. При слетувањето за секој случај интервенирале индонезиските специјалци, но не се соопштени детаљи.
Авионот Боинг-737 утрината полетал од австралискиот град Бризбејн.
Соња Стојановска
