Кривичен суд

Изведени докази од одбраната, судењето за убиството на Денис Тот продолжува на 9-ти ноември

31.10.2022 13:54

Беа повикани вештите лица д-р Зора Митиќ, психијатар и д-р Соња Ефтимова, специјалист по психологија кои ја анализираа психолошката состојба на Анџело Ѓоргиевски.

Во скопскиот Кривичен суд рочиште за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Изведени докази од страна на одбраната.

Беа повикани вештите лица д-р Зора Митиќ, психијатар и д-р Соња Ефтимова, специјалист по психологија кои ја анализираа психолошката состојба на Анџело Ѓоргиевски.

Митиќ посочи дека Анџело имал лузни на десната рака, истата со која му го задал првиот удар на Тот. Според неа, мускулатурата на овој екстремитет му е слаб, што би значело и дека ударот бил слаб. Ефтимовска го опишуваше Ѓоргиевски како лице кое е пасивно во стресни ситуации.

Повиканите сведоци за кои беше предвидено да присуствуваат на денешното рочиште, не беа присутни.

За убиството на Тот, Обвинителството ги гони Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски. Се товарат дека на 7-ми април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

Судењето за убиството на хрватскиот ракометар продолжува на 9-ти ноември.