Ковачевски: Помошта од владата ќе продолжи
Сите мерки кои се во наша надлежност за помош на граѓаните и индустријата ги преземаме за полесно справување со економската и енергетска криза, вели премиерот Ковачевски. ВМРО-ДПМНЕ предлага нови седум мерки за справување со економската криза…

Сите мерки кои се во наша надлежност за помош на граѓаните и индустријата ги преземаме за полесно справување со економската и енергетска криза, најтешки по Втората Светска војна, вели премиерот Димитар Ковачевски. Помошта од владата ќе продолжи, вели Ковачевски кој посочи дека секој се грижи за своето семејство, но тој како премиер за сите граѓани.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предлага нови седум мерки за справување со економската криза. Меѓу нив: нафтени резерви да има на располагање за образовните и здравствените институции, огревното дрво и пелетите да се ослободат од ДДВ и намалување на акцизите за 50 проценти за дизелот и бензините.
Со новите мерки за компаниите се очекува намалување на цената на основните продукти од 10 отсто, велат социјалдемократите. Компании кои се опфатени со мерката ќе плаќаат електрична енергија по цена од 80 евра за мегават час, повеќе од двојно поевтино од редовната цена на пазарот, појаснуваат од СДСМ.
И додека опозицијата бара предвремени избори, власта вели ќе има, но во редовниот термин. Сега концентрацијата е на скринингот и справувањето со кризите.
Миле Ристески
