Бугарија

Продолжуваат консултациите за доделување мандат за состав на нова влада во Бугарија

31.10.2022 14:19

Продолжуваат консултациите за доделување на мандат за формирање на нова бугарска влада. Бугарскиот претседател Радев имаше средба со поранешниот премиер Петков, кој изјави дека остануваат во опозиција. Шефот на бугарската држава повика на дијалог во Парламентот и исцрпување на сите можности за формирање на Влада...

Бугарскиот претседател Радев ја повика на консултации второпласираната партија на изборите на екс-премиерот Кирил Петков, „Продолжуваме со промените“. По консултациите за можното доделување на мандатот за состав на влада, за која ГЕРБ на Борисов нема доволно поддршка во Собранието. Петков изјави дека ќе дејствуваат како конструктивна опозиција.

„Нашиот прв приоритет е да зборуваме за 16-те политики за да дојдат до израз решенијата за луѓето во моментов. Ќе бидеме најпредвидливата опозиција зад мандатарот од ГЕРБ. Тие ќе го имаат луксузот да знаат какви политики ќе поддржиме на владата, а кои не. Нашите предизборни ветувања ќе се одржат и бугарските граѓани мора да се навикнат на тоа дека партиите мора да ги исполнат своите ветувања. Затоа категорично кажавме дека првиот мандат нема да биде поддржан“, изјави Петков.

„Го повикавме претседателот, Владата, да ја исполни својата обврска во однос на законот за јавни финансии и да се достави буџетот до народното собрание“, изјави Асен Василев од „Продолжуваме со промената“

Пред консултациите со Петков, Радев изјави дека е потребен дијалог во законодавниот дом и дека не може по секоја цена да се формира владата. Сепак посочи дека ќе оди на исцрпување на сите можни опции за формирање на кабинетот, пред земјата повторно да соочи со нови избори.

Ирина Гелевска