Куиаба, една грижа помалку за ФИФА
ФИФА ја негира загриженоста околу проблемот со градежните работи на „Арена Пантанал“ во Куиба.Стадионот ќе биде целосно подготвен за претстојното Светско првенство до крајот на следниот викенд, а тоа е пет месеци задоцнување во однос на првично поставените рокови од страна на ФИФА.

ФИФА ја негира загриженоста околу проблемот со градежните работи на „Арена Пантанал“ во Куиба.Стадионот ќе биде целосно подготвен за претстојното Светско првенство до крајот на следниот викенд, а тоа е пет месеци задоцнување во однос на првично поставените рокови од страна на ФИФА. Генералниот секретар на ФИФА Џером Валке кој е одново во инспекција на „критичните точки“ од просторите во кои ќе се одвива Мундијалот, сепак е со оптимистички опсервации:„ Среќни сме што стадионот во Куиаба е во завршната подготвителна фаза.Вотек е поставувањето на последните 5000 седишта,а се финализираат и сите други дополнителни работи.“
На „Арена Пантанал“ ќе се одиграат четири натпревари од групната фаза на Светското првенство: Чиле-Австралија, Русија-Ј.Кореа, Нигерија- Босна и Херцеговина и Колумбија- Јапонија.
