Од утре до 5-ти ноември 30. јубилејно издание на „Скомрахи“
Со богат репертоар овогодишното издание ќе се одржи од 1-ви до 5-ти октомври. Ќе има претстави од македонски, но и студенти од Белград, Осијек, Хамбург и Лондон, како и изложби, работилници, предавања и музички настапи. „Скомрахи“ се одржува во организација на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а покровител е претседателот Стево Пендаровски...

„Не драматизирај“ е мотото на 30. јубилејно издание на „Скомрахи“, интернационалните студентски средби кои ќе се одвиваат на факултетот за драмски уметности. Со богат репертоар овогодишното издание ќе се одржи од 1-ви до 5-ти октомври. Ќе има претстави од македонски, но и студенти од Белград, Осијек, Хамбург и Лондон, како и изложби, работилници, предавања и музички настапи.
„Скомрахи“ со текот на годините од далечната 1988-ма година до сега, прерасна во своевидно движење особено за малата публика, а влезот секогаш е слободен“, вели деканката на факултетот за драмски уметности.
„Скомрахи“ се одржува во организација на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а покровител е претседателот Стево Пендаровски.
Годинешното издание се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура и на УКИМ.
Ана Ј. Тодоровска
