Саем за пракса и вработување на Машинскиот факултет – можности за соработка меѓу компаниите и студентите
На Машинскиот факултет во Скопје тридневен Саем за кој студентите се информираат за условите за да се стекнат со практично искуство во работата. На саемот се претставени 24 компании од кои најголемиот дел од производствената дејност. На идните инженери им нудат можност да се запознаат со дејноста што ја остваруваат и да стекнат знаење кое ќе им користи во иднина да бидат поконкурентни на пазарот на трудот...

Квалитетната пракса и добрата дипломска работа се скоро секогаш добитна комбинација за идните инженери да најдат добро платено вработување во домашните компании и да бидат поконкурентни на пазарот. Машинскиот факултет домаќин на првиот Саем на кој нивните студенти се запознаа со работодавачите и условите што ги нудат компаниите ако во иднина одлучат да станат дел од тимот.
Студентите од втора, трета и четврта година имаат задолжителна пракса од 15 дена, но професорите ги охрабруваат летниот и зимскиот одмор да го искористат за да се стекнат со практични знаења.
На Саемот се претставуваат 24 компании, домашни, но и странски инвеститори. Нивните очекувања се да најдат кадар со соодветно теоретско знаење кое перспективно сака својата кариера да ја гради во земјава.
Саемот трае три дена во период од 9 до 15 часот.
Анита Димитријевска Велковска
