Србија
Дојави за поставени 50 бомби на повеќе локации во Белград
31.10.2022 16:28
На електронските адреси на редакциите на неколку српски медиуми пристигнале дојави за над 50 поставени бомби...

На електронските адреси на редакциите на неколку српски медиуми пристигнале дојави за над 50 поставени бомби.
Според дојавата, станува збор за наводно поставени експлозивни направи на 12 локации, студентски домови, приватни живеалишта, на Аеродромот „Никола Тесла“ и спортски обложувачници.
Полициските екипи се на терен и ги истражуваат локациите. Во октомври во Србија имаше повеќе дојави за поставени бомби, за кои тамошното МВР утврди дека се лажни.
