Србија

Дојавите за поставени бомби во Белград биле лажни

31.10.2022 17:54

По извршените полициски истраги, утврдено е дека дојавите за поставени бомби на повеќе локации во Белград се лажни-соопштија од српското Министерство за внатрешни работи...

По извршените полициски истраги, утврдено е дека дојавите за поставени бомби на повеќе локации во Белград се лажни-соопштија од српското Министерство за внатрешни работи.

Претходно на електронските адреси на редакциите на неколку српски медиуми пристигнале дојави за над 50 поставени бомби на 12 локации како, студентски домови, приватни живеалишта, на Аеродромот „Никола Тесла“ и спортски обложувалници.

Во октомври во Србија имаше повеќе дојави за поставени бомби, за кои тамошното МВР утврди дека се лажни.