Обама: Северна Кореја ќе се соочи со сериозен проблем ако изврши нова нуклеарна проба

25.04.2014 11:57

Пјонгјанг досега има извршено три нуклеарни тестирања, во 2006, 2009 и во февруари 2013година. Ваквите тестови се забранети од ОН...

Американскиот претседател Барак Обама, за време на азиската турнеја за јужнокорејскиот дневен печат изјавил дека Северна Кореја ќе се соочи со сериозен меѓунарадон одговор доколку изврши нова нуклеарна проба.
 
Целта на посетата на Обама на Јужна Кореја е да го потврди ставот и да го увери Сеул дека САД не се откажуваат од вршењето притисок врз Пјонгјанг за прекин на напорите за создавање нуклеарно оружје. Северна Кореја изминатите неколку недели ги засили провокациите, објавувајќи дека подготвува нов нуклеарен тест.
 
Пјонгјанг досега има извршено три нуклеарни тестирања, во 2006, 2009 и во февруари 2013година. Ваквите тестови се забранети од ОН.
 
Обама, по посетата на Јапонија и на Сеул  ќе ја посети и Малезија и Филипините.   
 
Соња Стојановска