Македонија

Ад хок телото не дало согласност за здружение со името на бугарскиот Цар Фердинанд

31.10.2022 19:13

Владиното советодавно тело за употреба на имиња на историски личности го оцени негативно барањето за регистрирање на клуб со името на Цар Фердинанд...

Владиното советодавно тело за употреба на имиња на историски личности го оцени негативно барањето за регистрирање на клуб со името на Цар Фердинанд.

Членовите на телото, меѓу кои најголем дел се универзитетски професори по историја, денеска одржале состанок и негативното мислење ќе му го достават на Министерството за правда.