Петровска: Армијата забрзано се модернизира, добивме сојузничката поддршка од САД со 78 милиони долари
Оваа година, истакна Петровска, одбранбениот буџет изнесува 1,77 проценти од БДП, односно околу 220 милиони евра од кои 30 проценти се одвојуваат за модернизација и опремување...

Во контекст на опремувањето и модернизацијата на Армијата, министерката Славјанка Петровска во вечерашното гостување во телевизиска емисија истакна дека неперспективната опрема во Армијата забрзано се менува со нова и софистицирана опрема, што е поддржано и од буџетот на Армијата кој согласно плановите до 2024 година ќе изнесува 2 проценти од бруто домашниот производ.
Оваа година, истакна Петровска, одбранбениот буџет изнесува 1,77 проценти од БДП, односно околу 220 милиони евра од кои 30 проценти се одвојуваат за модернизација и опремување. Пристигната е првата пратка од лесните оклопни возила, JLTV, во тек е набавка на возила Stryker, а потпишан е и повеќегодишен договор за набавка на француски системи за противвоздушна одбрана, информираше Петровска.
Во процесот на модернизација, опремување и развој на Армијата, Северна Македонија доби и сојузничка поддршка од САД со 78 милиони долари, средства кои ќе се наменат и за развој на капацитетите за сајбер одбрана.
