186 санкционирани возачи во Скопје, 21 без возачка
Изречени се девет мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за нерегистрирани возила, седум санкции за користење мобилен телефон при возење...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 186 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, шест санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се девет мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за нерегистрирани возила, седум санкции за користење мобилен телефон при возењe, соопштуваат од МВР.
