УХМР
Деновиве сончево и релативно топло, за викендот врнежливо и посвежо време
01.11.2022 08:53
До четврток ќе се задржи претежно сончево и релативно топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла...

Времето денеска во земјава ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Минималните температури ќе бидат во интервал од нула до девет, а максималните ќе достигнат од 21 до 27 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и релативно топло време. Минималните температури ќе се спуштат до шест, а максималните ќе достигнат до 25 степени.
До четврток ќе се задржи претежно сончево и релативно топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Во петок облачноста ќе се зголеми, а за време на викендот ќе преовладува претежно облачно, врнежливо и посвежо време.
