Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и владата стојат зад „Тајни имоти“

01.11.2022 09:13

Од партијата велат дека Ковачевски не ги санкционираше функционерите кои го криеле својот имот, туку ги амнестира, со повик само да бидат казнети прекршочно од ДКСК. А одговорот зошто Ковачевски го направи тоа го даде ДКСК, а тоа е дека владата воопшто не ги известувала за ново именуваните функционери, иако за тоа постоела законска обврска.

Ковачевски и владата стојат зад аферата „Тајни имоти“, не ја известувале ДКСК за именувани функционери, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Ковачевски не ги санкционираше функционерите кои го криеле својот имот, туку ги амнестира, со повик само да бидат казнети прекршочно од ДКСК. А одговорот зошто Ковачевски го направи тоа го даде ДКСК, а тоа е дека владата воопшто не ги известувала за ново именуваните функционери, иако за тоа постоела законска обврска.

Имот криеле директори на големи државни институции, кои водат важни органи. А дел од именуваните функционери уште пред Ковачевски да им смисли одбрана признаа дека не го ставиле својот имот на увид на јавноста преку ДКСК.

Ковачевски и ДКСК наместо да си ја префрлаат топката, секој нека почне од сопствениот двор. Ковачевски да ги разреши, а ДКСК да отвори постапки за функционерите кои криеја имот. Одговорност мора да има- велат од ВМРО-ДПМНЕ.