ИЗРАЕЛ

Парламентарни избори во Израел

01.11.2022 09:34

По петти пат за три и пол години Израелците гласаат за новата влада. Анкетите покажуваат дека изборната трка ќе биде тесна, а исходот тешко може да се предвиди...

Парламентарни избори во Израел. По петти пат за три и пол години Израелците гласаат за новата влада.

Анкетите покажуваат дека изборната трка ќе биде тесна, а исходот тешко може да се предвиди. Осумпартиската „Влада на промени“ во заминување пропадна откако изгуби тенко мнозинство и подлегна на идеолошките разлики што се обидуваше да ги избегне.

Израелската армија ги затвори сите гранични премини меѓу Израел, Западниот Брег и Појасот Газа за време на гласањето на парламентарните избори. Ваквите затворања се стандардна практика за време на еврејските празници и избори.