Јужна Кореја

Јужнокорејското МВР се извини за несреќата во Сеул

01.11.2022 09:42

Полицијата уште пред несреќата знаела дека се собрале голем број луѓе и оти има голем метеж, а тоа требало да биде итен сигнал за можна опасност. Најмалку 156 лица, главно млади луѓе, загинаа, а десетици беа повредени во стампедо во саботата вечерта во популарна населба во Сеул...

Јужнокорејското МВР се извини за несреќата во која загинаа 156 лица за време на забавата за Ноќта на вештерките во Сеул, што е прво официјално извинување по трагедијата. Претходно, шефот на јужнокорејската полиција изјави дека одговорот на безбедносните сили бил „недоволен“, бидејќи добиле неколку известувања за непосредна опасност пред несреќата во Сеул.

Полицијата уште пред несреќата знаела дека се собрале голем број луѓе и оти има голем метеж, а тоа требало да биде итен сигнал за можна опасност. Најмалку 156 лица, главно млади луѓе, загинаа, а десетици беа повредени во стампедо во саботата вечерта во популарна населба во Сеул.