Култура

Изложба и промоција на книгата „Пештански рибари“ од Борко Лазески

01.11.2022 09:58

По повод промоцијата на книгата ќе биде отворена и изложба на која ќе биде претставен избор од негови дела. Делата се работени во 1939 година и се инспирани од пештанските рибари.

Вечерва во 19 часот во родната куќа на големиот македонски уметник Борко Лазески ќе биде промовирана книгата „Пештански рибари“, која содржи циклус цртежи инспирирани од животот и работата на рибарите од Пештани.

По повод промоцијата на книгата ќе биде отворена и изложба на која ќе биде претставен избор од негови дела. Делата се работени во 1939 година и се инспирани од пештанските рибари.

Борко Лазески (1917-1993) е македонски академски сликар, еден од првите апстрактни автори во Македонија. Најпознат е по своите фрески изведени во Скопје, Кичево, Велес, Град Мексико итн. Исто така, тој е автор на повеќе мозаици и еден од основоположниците на современата ликовна уметност во Македонија.