Приведен силувачот на студентката од Штип
25.04.2014 12:22
Поради сомнение дека сторил силување полицијата го приведе 21-годишниот штипјанец Д.С.

Минатата ноќ 21-годишната Д.С. од Штип пријавила дека била силувана, а по превземените мерки полицијата го привела нејзиниот врсник.
МВР денеска соопшти дека по преземените мерки и дејствија утврдено е дека постои основи на сомненија дека сторител на пријавеното кривично дело е Д.С.(21) од Штип поради што истиот е приведен во полициската станица во Штип.
По целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштуваат од полицијата.
