Нерешено на водечкиот квартет, оставка на Васовски
Тиквеш им се приближи на екипите од врвот, во мала резултатска криза влезе Струга Трим Лум, а во постојана е Академија Пандев, па со оглед дека отако се врати во клубот, не успеа да победи на пет натпревари, тренерот Васовски се повлече од кормилото.

Реми на водечкиот квартет, оставка на Александар Васовски. Тоа се доминантните карактеристики на 12-тото коло во првата македонска фудбалска лига. Тиквеш им се приближи на екипите од врвот, во мала резултатска криза влезе Струга Трим Лум, а во постојана е Академија Пандев, па со оглед дека отако се врати во клубот, не успеа да победи на пет натпревари, тренерот Васовски се повлече од кормилото.
Резутати: Струга Трим Лум Брегалница 2:2, Силекс – Шкендија 1:1, Македонија Ѓорче Петров – Шкупи 1:1,Тиквеш – Победа 1:0, Академија Пандев – Работнички 0-2. Слободна беше екипата на скопје.
Табела: Струга Трим Лум 26, Шкендија 23, Шкупи 22, Силекс 22, Тиквеш 19, Брегалница 16, Работнички 14, Македонија Ѓорче Петров 13, Победа 11, Академија Пандев 8, Скопје 5
