Медиумите го поврзаа Елмас со Ливерпул

30.10.2022 19:14

Во пресрет на квалификациите за Европското првенство коишто почнуваат во март, значајно е двајцата да добиваат шанса во клубовите, а тоа не е случај со Елмас сезонава.

По ерата на Пандев и честите повреди на Адеми, формата на Елмас и на Барди и нивниот напредок во кариерите е клучен за резултатите на македнската репрезентација. Во пресрет на квалификациите за Европското првенство коишто почнуваат во март, значајно е двајцата да добиваат шанса во клубовите, а тоа не е случај со Елмас сезонава. Токму затоа се појавуваат шпекулации за негов премин во друг клуб, а турските медиуми најавија дека следна дестинација на македонскит фудбалер може да биде Ливерпул и тоа уште во јануарскиот преоден рок.

Сезонава Елмас за Наполи одигра 17 средби во Серија А и во Лигата на шампионите, но главно од клупата, така што можеби и фактот дека не е редовно на теренот го принудува да размислува за секакви опции.