Регион

Војската на Србија во состојба на готовност поради ситуацијата на Косово

01.11.2022 11:42

Министерот за одбрана вели дека Србија е сериозна земја и затоа никој не треба да игра „воени игри“. Србија е за дијалог, подобро е да се преговара илјада дена, отколку еден ден да се биде во ров, рече Вучевиќ.

По наредба на претседателот Вучиќ, војската на Србија е во состојба на готовност поради ситуацијата на Косово, изјави српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ во гостување на српска телевизија.

Министерот за одбрана вели дека Србија е сериозна земја и затоа никој не треба да игра „воени игри“. Србија е за дијалог, подобро е да се преговара илјада дена, отколку еден ден да се биде во ров, рече Вучевиќ.

Во Косово од денеска стапува во сила одлуката на Владата на премиерот Албин Курти за замена на регистарските таблички на возилата на косовските граѓани регистрирани во Србија со оние кои се пропишани со законите на Република Косово.