Спасовски не бил запознаен со набавката на софтверот за МВР
Од одбраната на Рашковски велат дека со денешното сведочење на министерот Спасовски може да се заклучи дека се што тврди одбрана за набавката на софтверот е исто со тврдењата од самиот почеток – дека набавката е со одлука на Генералниот секретаријат при Владата.

Министерот за внатрешни Оливер Спасовски на денешното рочиште за случајот против екс-генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, кој заедно со уште шестмина се товари за нелегалната набавка на софтверот на МВР – изјави дека додека бил техички премиер во 2020 година, не бил запознаен со набавката на софтверот за биеометриска индентификација и системот за опремување на просечна брзина на движење на возилата.
Спасовски во Основниот кривичен суд- Скопје рече дека во тој период во Владата не било разговарано за набавка на ваков софтвер.
Од одбраната на Рашковски велат дека со денешното сведочење на министерот Спасовски може да се заклучи дека се што тврди одбрана за набавката на софтверот е исто со тврдењата од самиот почеток – дека набавката е со одлука на Генералниот секретаријат при Владата.
Целосно се согласуваме со сведочењето на министерот Спасовски, точно е дека софтверот никогаш не беше нарачан од МВР, туку од Владата.
