Сали: На владина седница ќе се разгледува работата на 12 клиники
Премиерот Ковачевски побарал од министерот Сали ревидирање на работата на две клиники во рамки на Универзитетскиот клинички центар. Министерот подготвил извештаи за 12. Се очекуваат одлуки...

На денешната владина седница ќе се разгледува работењето на менаџерите на 12 клиники. Премиерот Ковачевски побарал од министерот Сали ревидирање на работата на две клиники во рамки на Универзитетскиот клинички центар. Министерот подготвил извештаи за 12. Се очекуваат одлуки.
„На барање на премиерот Ковачевски за ревидирање на работата на две клиники, денес на седница на Влада ќе дадам извештај за работата на 12 клиники, односно за работата на нивните менаџери. После ревидирањето на работата на клиниките, сигурно ќе има некакви одлуки за понатамошното делување на самите клиники, за што дополнително ќе бидете известени“, изјави министерот за здравство, Беким Сали денеска за медиумите.
