Промовиран софтвер за превенција од радиолошки и нуклеарни вонредни настани
Опасност нема, иако Македонија е подготвена за евентуален нуклеарен напад, во никој случај не ни е потребна набавка на јод. Промовиран софтвер за превенција од радиолошки и нуклеарни вонредни настани…

Граѓаните не треба да се плашат дека ќе бидат доведени во ситуација да набавуваат јод во случај да се случи нешто со нуклеарната централа во Запорожје додека беснее војната во Украина. Капацитетот е далеку од земјава.
„Невозможно е да дојде до ситуација да ви е потребен јод, за инцидент оддалечен како Запорожје, тоа е невозможно. Но сепак може да се случи да вие морате да ја контролирате храната која доаѓа од Украина или некои други продукти кои доаѓаат од таму и може да се контаминирани. Но овој проект ќе помогне вие да го одредите тоа“, изјави Бојан Томиќ, носител на проектот.
Но, во таков случај, мора ригорозно да се контролира храната којашто од Украина влегува во земјава.
Она што за нас е проблем е што голем дел од скривниците се нефункционални, исто како и системот за рано известување и тревожење преку сирени.
Европската унија подготви софтвер за симулирање на движењето на радиоактивни материјали.
Надлежните уверуваат дека нема простор за паника, но додаваат дека секогаш е потребно системот да биде подготвен.
Ана Ј. Тодоровска
