Случај Софтвери

Рашковски: Софтверот е набавен на комплетно законски начин

01.11.2022 14:00

На денешното рочиште сведочеше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој рече дека не бил запознаен со набавката на софтверот за биометриска идентификација и со системот за определување просечна брзина на движење на возилата...

Ново рочиште за случајот „Софтвери“, каде што еден од обвинетите е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Сведочеше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој рече дека не бил запознаен со набавката на софтверот за биометриска идентификација и со системот за определување просечна брзина на движење на возилата.

„Докажавме и преку сведочењето на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека софтверот е набавен на комплетно законски начин со почитување на сите законски процедури. Софтверот е набавен исклучиво за потребите на Владата во рамките на остварување на своите обврски, согласно член 40а од Законот за Влада“, изјави поранешниот владин генерален секретар Рашковски, по денешното рочиште.

Одбраната на Рашковски тврди дека софтверот не бил нарачан од МВР, туку од Владата.