Обновено снабдувањето со вода и струја во Киев
Откако Русија реши да го суспендира извозот на жито, прашањето за недостигот на храна повторно се актуализира. Зеленски уверува – Украина е решена да продолжи да извезува жито, а Киев ќе остане гарант за светската безбедност на храна. Путин бара од Украина гаранции за безбедност на бродовите. Во Киев обновено снабдувањето со електрична енергија и со вода...

Обновено снабдувањето со вода и струја во Киев по руските напади. Во другите делови е се уште отежнато, откако Русија со десетици проектили ги нападна клучните објекти.
„Живееме веднаш до електраната. Се тресеше толку многу што и целата куќа се тресеше“.
„Мислам дека сакаат да ја убијат нашата нација, сакаат да не видат како исчезнуваме и бидејќи никој не се предава, тие се одмаздуваат“.
Зеленски рече дека Украина е решена да остане гарант за светската безбедност на храната и да продолжи да извезува жито.
Турција, којашто се обидува да ја игра улогата на посредник, порача дека е неопходно да се преземат конкретни чекори за нормализира извозот на житарици и ѓубрива откако Москва најави дека ја суспендира одлуката, бидејќи мора да има гаранции за цивилните бродови или за руските бродови за снабдување.
„Овие беспилотни летала, подводни и воздушни, беа делумно во коридорот што се користи за извоз на жито од Украина. Затоа постоеше закана за нашите бродови кои обезбедуваат безбедност на извозот на жито и за цивилните бродови пренесувајќи го. Украина мора да гарантира дека нема да има закани за цивилните бродови и за руските бродови за снабдување“, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.
Во меѓувреме, експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија почнаа со проверка на две локации, каде руските власти тврдат дека Украина произведува валкана бомба.
Марина Ристова
