Дипломатија

Османи: Отворањето на клубови не води кон подобрување на односите

01.11.2022 15:12

Циклус на отворање клубови поради реакција кон другиот, не е за промовирање на заедниците во двете земји и нема да помогне во подобрувањето на добрососедските односи. Моја задача е да создадам нормални односи со Софија и да ги запрам политичките профитирања од отворањето клубови, вели министерот Османи…

„Отворањето на културниот клуб во Бугарија беше погрешно“ – изјави шефот на дипломатијата Османи на прашањето за бришењето на здружението коешто стои зад него.

Според него, и отворањето бугарски клубови кај нас и отворањето македонски клубови во Бугарија не води кон подобрување на добрососедските односи, ниту пак на положбата на граѓаните кои се декларираат како Македонци во Бугарија.

Отворањето на клуб во овој период, само и единствено за воспоставување на реципроцитет со отворањето на бугарски клубови во Македонија е политички некоректно-оценува Османи.

Османи демантира дека имал претходни сознанија за одлуките на официјална Софија во однос на затворањето на клубот, но дека можело да се претпостави бидејќи истото било спонзорирано од сомнителни извори.

Марина Стојанова-Тонева