САД

Еден загинат и околу 20 повредени во две престрелки во САД

01.11.2022 16:13

Едно лице загина, а околу 20 се повредени за време на Ноќта на вештерките во две одвоени престрелки во САД – во Чикаго и Канзас Сити, соопшти полицијата...

Едно лице загина, а околу 20 се повредени за време на Ноќта на вештерките во две одвоени престрелки во САД – во Чикаго и Канзас Сити, соопшти полицијата.

– Помеѓу пет и седум лица се застрелани, а едно е убиено во пукање во куќа во Канзас Сити каде што синоќа се собрале меѓу 70 и 100 тинејџери на забава, изјави началникот на градската полиција Карл Оукман.

Тој додаде дека неколку лица, непознати за сопствениците на куќата, почнале да пукаат откако од нив било побарано да си заминат.

Полицијата соопшти дека 14 лица, меѓу кои две деца и еден тинејџер, се повредени во пукотница во Чикаго.

Седум од повредените, меѓу кои и тројцата малолетници, се во тешка или критична состојба. Двајцата напаѓачи, кои патувале во темен џип, пукале во група која стоела на раскрсница, соопшти полицијата.

Властите во Чикаго соопштија дека 13 лица биле застрелани, а едно било удрено од автомобил.