Данска

Парламентарни избори во Данска

01.11.2022 16:26

Во Данска денеска се одржуваат парламентарни избори, а премиерката Мете Фредериксен се надева на гласање за доверба во нејзиното справување со пандемијата и за нејзиното раководство да ја надмине зголемената инфлација и геополитичката несигурност...

Во Данска денеска се одржуваат парламентарни избори, а премиерката Мете Фредериксен се надева на гласање за доверба во нејзиното справување со пандемијата и за нејзиното раководство да ја надмине зголемената инфлација и геополитичката несигурност.

Анкетите покажуваат дека Фредериксен и нејзината Социјалдемократска партија ќе добијат мнозинство гласови, но тоа нема да и гарантира дека таа ќе може да остане на власт. Анкетата објавена доцна во понеделникот од Галуп покажа дека 24 отсто од гласачите сè уште не одлучиле кого да поддржат.