Шпанија

Вуелинг откажа 54 летови поради штрајк на кабинскиот персонал

01.11.2022 17:23

Шпанската воздухопловна компанија Вуелинг денеска откажала 54 летови поради штрајк на кабинскиот персонал, известуваат шпанските медиуми...

Шпанската воздухопловна компанија Вуелинг денеска откажала 54 летови поради штрајк на кабинскиот персонал, известуваат шпанските медиуми.

Синдикатот побарал 13.4 отсто зголемување на платите на кабинскиот персонал на овој авио-превозник со седиште во Барселона.

Персоналот на Вуелинг ќе штрајкува секој петок, недела и понеделник од 1 ноември до 31 декември. На првиот ден од штрајкот од планираните 520 летови, реализирани се 466, информира Europa Press повикувајќи се на неименувани извори во компанијата.