Приватните автобуси на „Макекспрес“ и денеска не сообраќаат
Втор ден по ред не возат приватните автобуси од „Макекспрес“. Линиите 19, 20, 22, 52 и 54 се заменети со автобуси на ЈСП. Продолжува штрајкот на приватниците...

Втор ден по ред не возат приватните автобуси од „Макекспрес“. Линиите 19, 20, 22, 52 и 54 се заменети со автобуси на ЈСП. Продолжува штрајкот на приватниците.
Велат немаат средства за да продолжат со работа поради доспеаниот долг од Град Скопје и ЈСП за месеците август, септември и октомври во висина од над половина милион евра.
Приватните превозници бараат средба со Арсовска и со раководството на ЈСП и додаваат дека додека не изнајдат решение за проблемот ќе бидат принудени да ги паркираат автобусите.
Сопственикот на компанијата, Димитријевски завчера побара итна средба со раководството на ЈСП „Скопје“ и градските власти.
