МВР ќе издава лични карти в сабота и недела

25.04.2014 13:09

Граѓаните кои ќе аплицираат во сабота или кои аплицирале претходниве денови ќе можат личните документи да ги подигаат и во недела (27 април)...

Управните служби на МВР ќе работат и во текот на викендот, односно во сабота (26 април) низ цела држава ќе примаат и ќе ги одобруваат барањата за лична карта од 08,30 до 16,30 часот.
 
Граѓаните кои ќе аплицираат во сабота или кои аплицирале претходниве денови ќе можат личните документи да ги подигаат и во недела (27 април), бидејќи на изборниот ден ќе работат сите управни служби од 07.00 до 19.00 часот, но само за издавање документи. 
 
Сите граѓани кои од кои било причини во овој период останале без лични документи, а ги има на избирачкиот список и сакаат да го остварат своето избирачко право, ќе може да извадат документи за да им биде овозможено гласањето, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.