Формула 1

И едно и друго

25.04.2014 13:24

Денеска во 9 часот во судот во Минхен почна судењето на шефот на формула 1 Берни Еклстон(83) кој е под обвинение за давање мито на германскиот банкар Герхард Грипковски во износ од 33 милиони евра. Според обвинението Еклстон митото го дал со цел мнозинскиот сопственик на банката Баерн ЛБ, Грипковски да го продаде својот удел во формула 1 на фирмата што ја сугерирал Еклстон кому всушност му се суди за подмитување на државен службеник. Во Германија судскиот процес е веќе прогласен за „најголемо судење за корупција“ во историјата на замјата ако се земе предвид исплатената сума.

Денеска во 9 часот во судот во Минхен почна судењето на шефот на формула 1 Берни Еклстон(83) кој е под обвинение за давање мито на германскиот банкар Герхард Грипковски во износ од 33 милиони евра. Според обвинението Еклстон митото го дал со цел мнозинскиот сопственик на банката Баерн ЛБ, Грипковски да го продаде својот удел во формула 1 на фирмата што ја сугерирал Еклстон кому всушност му се суди за подмитување на државен службеник. Во Германија судскиот процес е веќе прогласен за „најголемо судење за корупција“ во историјата на замјата ако се земе предвид исплатената сума. Иако, според германските закони на Берни му се заканува и долгогодишна затворска казна, сепак се смета дека ќе мине со голема парична казна и дека ќе го загуби огромното влијание во формула 1 спорот, откако корпорацијата за која лобирал CVC најави дека ќе го отпушти ако се докаже неговата вина.

Предвидено е судењето да трае до септември, а дека ќе биде интересно се покажа уште при утврдувањето на основните податоци на Берни.

На прашањето дали е оженет одговорил дека е разведен. На тоа судијата реагирал дека во писменото обвинение стои дека е во брак, на што Берни одговорил: „ И едното и другото“. За потсетување , Еклстон во 2008-та се раведе од Славица Радиќ, но во 2012-тата се ожени со 35-годишната бразилска манекенка Фабијана Палмера.