Киев поставува пунктови за греење
Поради можниот колапс на енергетскиот систем во Украина, властите ги повикаа граѓаните да ја напуштат земјата доколку можат и зимата да ја поминат во странство...

Киев поставува илјада пунктови за греење во случај централниот топлински систем да биде онеспособен поради континуираните руски напади кои веќе оштетија 40 насто од енергетската инфраструктура. Поради можниот колапс на енергетскиот систем во Украина, властите ги повикаа граѓаните да ја напуштат земјата доколку можат и зимата да ја поминат во странство.
Киев ја обвини Москва за нова хуманитарна криза. Зеленски очекува помош од Европа за обнова на уништената инфраструктура, за Украина повторно да извезува струја.
На терен-борбите продолжуваат. Во текот на ноќта и изутринава се огласуваат сирени за воздушна тревога. Украинската противвоздушна одбрана тврди дека соборила 12 од 13 ирански дронови лансирани од истокот.
