ИРАН

Подигнато црвено знаме над „Џамкаран“

02.11.2022 09:59

Последен пат црвеното знаме беше подигнато кога беше убиен познатиот генерал Касем Сулејмани во 2020-та година. Како што пишува „Волстрит журнал“, Саудиска Арабија им предала на САД разузнавачки информации за „непосредниот напад“ на Иран врз кралството...

Иран го подигна црвеното знаме на одмазда над куполата на џамијата Џамкаран во светиот шиитски град Кум, што е еднакво на објава на војна. Причината е нејасна.

Последен пат црвеното знаме беше подигнато кога беше убиен познатиот генерал Касем Сулејмани во 2020-та година.

Како што пишува „Волстрит журнал“, Саудиска Арабија им предала на САД разузнавачки информации за „непосредниот напад“ на Иран врз кралството. Според изворите, САД, Саудиска Арабија и голем број други земји во регионот, го зголемиле нивото на борбена готовност и објавиле дека Иран наводно ќе го нападне Ербил, во ирачки Курдистан. Техеран, го прави тоа „во обид да го одвлече вниманието од внатрешните протести“, се вели во написот.