Северна и Јужна Кореја си разменија проектили
Војската на југот рече дека ова е неприфатливо прекршување на нејзината територија. Од севернокорејскиот брег се истрелани најмалку 10 проектили кон исток и запад...

Северна и Јужна Кореја за првпат испукаа проектили од бреговите една на друга. Три часа откако Пјонгјанг лансираше проектил што падна на помалку од 60 километри од јужниот град Сокчо, Сеул возврати.
Војската на југот рече дека ова е неприфатливо прекршување на нејзината територија. Од севернокорејскиот брег се истрелани најмалку 10 проектили кон исток и запад.
Новите тестови на Северна Кореја доаѓаат ден откако Пјонгјанг предупреди дека Јужна Кореја и САД ќе ја платат најстрашната цена во историјата доколку продолжат со заедничките воени вежби. Постои загриженост дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг УН, можеби го подготвува теренот за првата нуклеарна проба по пет години.
