Израел

Нетанјаху во водство по парламентарните избори

02.11.2022 10:11

Израелските анкети покажуваат дека Нетанјаху и неговите сојузници ќе имаат мнозинство од 61 од 120 пратеници потребни за формирање нова влада. На овие избори, петти за помалку од четири години, конзервативната партија Ликуд на Нетанјаху е на првото место со 30 до 31 пратеник..

Поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на своите поддржувачи во неговиот изборен штаб во Ерусалим по затворањето на гласачките места, најавувајќи камбек, откако изборните резултати покажаа дека мнозинската влада е на дофат на ветеранот на десницата.

„Блиску сме до голема победа. Сè уште не ги знаеме конечните резултати, но ако резултатите се како излезните анкети, ќе формирам национална десничарска влада за сите граѓани на Израел. Заедно ќе успееме“, изјави поранешниот премиер на Израел, Бенјамин Нетанјаху.

Израелските анкети покажуваат дека Нетанјаху и неговите сојузници ќе имаат мнозинство од 61 од 120 пратеници потребни за формирање нова влада. На овие избори, петти за помалку од четири години, конзервативната партија Ликуд на Нетанјаху е на првото место со 30 до 31 пратеник, пред централистичката партија „Да Атид“ на премиерот во заминување Јаир Лапид, која се очекува да има од 22 до 24 пратенички мандати.