Скопје

Автобусите на „Макекспрес“ и денеска не сообраќаат

02.11.2022 10:19

Денеска се очекува средба со претставниците на ЈСП и Град Скопје...

Приватниот превозник на автобуски градски превоз „Макекспрес“ и денеска не сообраќаа на линиите 19, 20, 22, 52 и 54, поради неисплатен долг од страна на ЈСП Скопје и Град Скопје.

Денеска се очекува средба со претставниците на ЈСП и Град Скопје. Веќе втор ден автобусите од „Макекспрес“ не се излезени да сообраќаат поради тоа што, како што тврдат, немаат средства.