За нов шеф на организиран криминал и корупција ќе се одлучува в понеделник, во трка четворица обвинители
Во трка остануваат актуелната шефица Вилма Русковска, обвинителот Ермон Незири, кој му е заменик на Гаврил Бубевски во Основното јавно обвинителство – Скопје, како и вишите обвинители од Гостивар, Деса Пауновска и Ислам Абази...

Четворица обвинители останаа во трка за шеф на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Во трка остануваат актуелната шефица Вилма Русковска, обвинителот Ермон Незири, кој му е заменик на Гаврил Бубевски во Основното јавно обвинителство – Скопје, како и вишите обвинители од Гостивар, Деса Пауновска и Ислам Абази.
На огласот, покрај четворицата кандидати беше пријавена и обвинителката Енѓелуше Кадриу – Леши, но таа решила да ја повлече пријавата.
За новиот шеф на организиран криминал ќе се одлучува в понеделник, кога ќе има непосредно гласање од страна на сите обвинители во државата, што ќе се случи за првпат според новиот Закон за јавно обвинителство. Оној кој ќе добие најмногу гласови, Советот ќе го назначи за прв човек на обвинителството за организиран криминал.
