МРТ

Во среда во „Македонија наутро“ ќе гледате...

01.11.2022 15:33

24 компании учествуваат на Саемот за пракса и вработување кој се одржува на Машинскиот факултет во Скопје. Детали за настанот добиваме од линковското вклучување на колешката Анита Никушева Јованчев.

Поевтина електрична енергија за туристичкиот сектор како дел од мерките за помош и поддршка е предлог кој Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот очекува да го прифати државата со цел ублажување на последиците од енергетската криза. Пред какви предизвици е исправен туризмот и колку време ќе биде потребно секторот да застане на здрави нозе тема на разговор со првиот човек на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Љупчо Јаневски.

Зголемен број на прегледи регистрираат педијатрите од Институтот за белодробни заболувања „Козле“. Кашлање, зголемена температура, течење на носот се најчестите симптоми со кои доаѓаат пациентите… Каков бран на сезонски грип може да очекуваме годинава, и придонесе ли долготрајната заштита од Ковид 19 пад на природниот имунитет. Одговори на овие прашања бараме од д-р Елена Ѓиновска тасевска – специјалист предијатар од Институт за белодробни заболувања „Козле“.

Образовниот систем бележи се поголем недостиг на наставници по физика, математика, хемија, информатика и странските јазици. Од друга страна се повеќе млади ја избегнуваат професијата наставник. Ова се новите податоци на независниот синдикат за образование и наука за кои говориме со претседателот Томислав Гиевски.

24 компании учествуваат на Саемот за пракса и вработување кој се одржува на Машинскиот факултет во Скопје. Детали за настанот добиваме од линковското вклучување на колешката Анита Никушева Јованчев.

Геопарковите се простори со исклучителна геолошка вредност на различни видови карпи. Листата на УНЕСКО брои вклупно 75. Колку Македонија има капацитет за геопаркови и колку поврзувањето во семејството геопаркови носи бенефиции за финансирање, достапност за проекти е тема на разговор со Соња Липиткова - професорка на Факултетот за природни и технички науки – УГД Штип.

„Среќна 13-ка“ е насловен документарниот филм кој Македонската радио телевизија го направи за Благоја Георгиевски, кошаркарскиот ас и еден од најдобрите кошаркарски играчи во историјата на македонската кошарка за кој детали дознавме во „Македонија наутро“.