Пацифик

Северна Кореја испука проектили, Јужна Кореја возврати

02.11.2022 11:54

Три часа откако Пјонгјанг лансираше проектил што падна на помалку од 60 километри од јужниот град Сокчо, Сеул возврати. Новите тестови на Северна Кореја доаѓаат ден откако Пјонгјанг предупреди дека Јужна Кореја и САД ќе ја платат најстрашната цена во историјата доколку продолжат со заедничките воени вежби …

Северна и Јужна Кореја за првпат испукаа проектили од бреговите една на друга. Три часа откако Пјонгјанг лансираше проектил што падна на помалку од 60 километри од јужниот град Сокчо, Сеул возврати. Три прецизни проектили земја-воздух беа истрелани од југот.

„Северна Кореја лансираше три балистички ракети, една од нив слета во источното море, јужно од северната гранична линија. Првпат да слета во близина на нашите територијални води. Тоа е без преседан и неприфатливо“, изјави Канг Шин чул • главен директор за операции на јужнокорејскиот здружен штаб.

Од севернокорејскиот брег се истрелани најмалку 10 проектили кон исток и запад. Новите тестови на Северна Кореја доаѓаат ден откако Пјонгјанг предупреди дека Јужна Кореја и сад ќе ја платат најстрашната цена во историјата доколку продолжат со заедничките воени вежби. Протестна нота и осуда пристигна од јапонската влада.

„Северна Кореја постојано истрелување проектили со невидено темпо и тоа е апсолутно недозволиво. Со оглед на зголемените тензии на корејскиот полуостров, би сакал што поскоро да свикам совет за национална безбедност“, изјави Фумио Кишида, премиер на Јапонија.

„Северна Кореја лансираа балистички ракети брзо едноподруго и немилосрдно и еднострано ги ескалираа нивните провокации. Серијата акции на северна Кореја ги загрозува мирот и безбедноста на Јапонија, регионот и меѓународната заедница, и е апсолутно неприфатлива. Ова е кршење на резолуциите на советот за безбедност и упатуваме силен протест и осуда“, изјави Јасуказу Хамади, министер за одбрана на Јапонија.

Лансирањето претставува значителна ескалација на непријателствата на полуостровот годинава. Веќе се забележани над 50 лансирања на проектили од северна Кореја и една балистичка ракета што помина над Јапонија.

Бојана Крстевски