Македонија

ЗНМ и ССНМ бараат усвојување на амандманите на Кривичниот законик за поголема заштита на новинарите

02.11.2022 12:00

Сега е потребно повеќе од било кога, нападот врз новинар да се третира како напад врз службено лице. Ако власта остане глува на барањата на новинарските здруженија, најавуваат дека ќе излезат пред Собранието- велат од ЗНМ и ССНМ...

Политичките партии веднаш да ги усвојат амандманите на Кривичниот законик со што ќе се овозможи поголема заштита на новинарите и медиумските работници, побараа од здруженијата на новинари. Потенцираа дека сега е потребно повеќе од било кога, нападот врз новинар да се третира како напад врз службено лице.

Од здружението посочија дека во 2020-та година имало 14 напади врз новинари, од кои осум беа врз новинарки. Само два завршиле со судска пресуда. Во 2021-ва година, осум напади. Годинава, досега има шест. Ова е само бројката којашто е пријавена, велат од здруженијата. Дел од оние што не пријавиле е поради ризикот од цензура и од автоцензура.

Ако власта остане глува на барањата на новинарските здруженија, најавуваат дека ќе излезат пред Собранието и ќе останат сè додека не бидат исполнети барањата кои ја засегаат новинарската фела.

Александра Спировска