Политика

Мицкоски прифаќа лидерска средба, но бара да се разговара за теми што ги засегаат граѓаните

02.11.2022 12:59

Мицкоски прифаќа лидерска, но на маса бара да бидат актуелните теми што ги засегаат граѓаните и предвремените парламентарни избори. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема потреба од средба, ако однапред се наметнуваат теми...

Мицкоски прифаќа лидерска, но на маса бара да бидат актуелните теми што ги засегаат граѓаните и предвремените парламентарни избори. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема потреба од средба, ако однапред се наметнуваат теми како што е случајот со уставните промени.

„Ако некој мисли дека ќе наметне теми кои поларизираат, па дека ВМРО-ДПМНЕ ќе седне на таа лидерска средба, па ќе зборуваме за нешто што е познато и константа во јавноста, тогаш се лаже, бидејќи ставот на ВМРО-ДПМНЕ јавноста го знае. Тој е непроменлив, тој е константен, дека под овие околности промена на Уставот нема. Тоа е тема која поларизира, не обединува, и таа тема нема да ги реши проблемите на граѓаните како да го поминат месецот од први до први, нема да обезбеди дополнителни работи места, нема да ја намали корупцијата, нема да има подобро образование, подобро здравство“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Додава дека неговиот совет е-оставете ја политиката барем еднаш на страна. Наш интерес е ние да разговараме за една изборна единица. Наш интерес е да разговараме за предвремени парламентарни избори. Но, ние го оставаме нашиот интерес на страна и велиме дека сакаме да разговараме за да понудиме решенија за граѓаните, нагласи Мицкоски.

Ковачевски в понеделник ги свика лидерите на четирите најголеми партии да разговараат за европската иднина на земјава. Во меѓувреме, се прават комбинаторики за уставните измени.