Економија

Владата го усвои Предлог- буџетот за 2023 година

02.11.2022 13:03

Буџетот на расходната страна е предвидено да изнесува 324,8 милијарди денари, приходите е предвидено дека ќе бидат 282,05 милијарди денари, а дефицитот е проценет на 42,75 милијарди денари.

Владата на денешната 98-ма седница го усвои Предлог Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, предложен од Министерството за финансии.

Буџетот на расходната страна е предвидено да изнесува 324,8 милијарди денари, приходите е предвидено дека ќе бидат 282,05 милијарди денари, а дефицитот е проценет на 42,75 милијарди денари.

На седницата е усвоен и Предлог Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година- информираат од владината прес- служба.