Влада

Ограничени цените на огревното дрво и пелетите

02.11.2022 13:05

Највисоките цени на огревното дрво од даб и бука се утврдени во висина до 4.500,00 денари за метар просторен (мпр) односно до 6.429,00 денари за метар кубен (м3).

Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за определување највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, конкретно на огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев, информираат од владината прес- служба.

Највисоките цени на огревното дрво од даб и бука се утврдени во висина до 4.500,00 денари за метар просторен (мпр) односно до 6.429,00 денари за метар кубен (м3).

Владата притоа донесе Одлука за престанување на важноста на одлуката за посебни услови во трговијата на мало, со којашто беше замрзната маржата на огревно дрво од даб и од бука и пелети за огрев за сите трговци во висина најмногу до 10%.