Земјоделство
Продолжен рокот за набавка на вештачки ѓубрива
02.11.2022 13:09
Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, според најавата од Министерството, по завршувањето на аплицирањето, а најдоцна до крајот на годината ќе треба да направи исплата кон земјоделците...
Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе Одлука со којашто се продолжува рокот за аплицирање за мерката за набавка на вештачки ѓубрива за есенската сеидба до 30.11.2022 година.
Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, според најавата од Министерството, по завршувањето на аплицирањето, а најдоцна до крајот на годината ќе треба да направи исплата кон земјоделците по основ на оваа мерка, соопшти владината прес- служба.
